Познати датумите за натпреварите од Лигата на Нации

- Спорт
446

По вчерашната ждребка во Амстердам каде Македонија ги доби противниците за новиот циклус од УЕФА Лига на Нации, беа одредени и датумите и времињата на одигрување на натпреварите:

5 септември, 2020 | 15.00 ч.  Македонија – Ерменија

8 септември, 2020 | 18.00 ч   Грузија – Македонија

8 октомври, 2020   | 20.45 ч.  Естонија – Македонија

11 октомври, 2020 | 18.00 ч.  Македонија – Грузија

13 ноември, 2020  | 20. 45 ч. Македонија – Естонија

16 ноември, 2020  | 18.00 ч.  Ерменија – Македонија

„Благодарение на освоеното прво место во групата од лигата Д на првото издание од УЕФА Лигата на Нации Македонија сега се натпреварува во Лига Ц. Со освоено прво место во групата по ова издание на Лигата на Нации би следувала промоција во Лигата Б.“ – информираат од ФФМ.

Лигата на Нации исто така ќе понуди дополнителна можност за квалификација на Светско Првенство на два најдобро рангирани пробедици од групите на Лига на Нации кои нема да обезбедат директен пласман на светското превнство преку квалификациите.  Директен пласман на Светско првенство ќе обезбедат десетте победници на групи од квалификациите во 2021 година. Во разигрувањата за едно од трите преостанати места за светското првенство во Катар ќе земат учество десетте вторпласирани екипи од квалификациите, како и две најдобро рангирани победници од групите на Лига на Нации кои нема да завршат на првите две места во квалификациите.

Strugaonline

Facebook Коментари