Градоначалникот на Вевчани најстрого го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал

- Локални
507
Општина Вевчани најостро го осуди  чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани.
-Овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население. Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми.-напиша на својот FB  профил градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.
Јанскоски изрази надеж дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи.
Strugaonline

Facebook Коментари