СОУ ‘„Нико Нестор” повторно меѓу најдобрите. Од вкупно педесет апликанти кои имаа задача да понудат иновативно решение за намалување на аерозагадувањето, учениците Ана Наумоска, Георгина Ристеска, Борче Настески, Димитар Мареноски и Петар Кицески под менторство на професорката Светлана Ѓуроска беа избрани во најдобрите десет и присуствуваа на тридневна работилница за социјално претприемништвото на која ги развиваа своите иновативни решенија за намалување на загадувањето на воздухот.
Настанот беше организиран од CEED hub, UNICEF, Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука. По завршувањето на обуката, тимот во следните три месеци ја реализираше својата идеја – Сончева Клупа или Sunny Bench. Истата се состои од два соларни панеликои акумулираат сончева енергија. Истата подоцна се претвора во енергија компатибилна за напојување на мобилни уреди преку 6 УСБ порти поставени на конструкцијата на самата клупа, но и лед улична светилка. Истата е поставена во дворот на училиштето СОУ Нико Нестор.
„Целта на.овој проект е да се подигне свеста кај општествените чинители и граѓаните за значењето на искористувањето на алтернативните извори на енергија со што би се намалило загадувањето.“ – објаснуваат учениците кои ја реализираа оваа идеја.
Strugaonline
Facebook Коментари