Песни од Дарко Лешоски објавени на романски јазик

- Локални
214
Поетски избор од Дарко Лешоски е вклучен во реномираното романско списание за литература и култура “Revista Helis”.
Списанието излегува во двоброј  и е меѓу најзначајните  списанија посветени на домашната и интернационалната литературна сцена во Романија.
Препевот на неколку песни од  македонски на романски јазик го направи младата Татјана Бетоска (1989), како интернационален контрибутор, во партнерство со Gheorghe Dobre.

Во изборот се интегрирани песни од неговите две книги – „Дете од лоша фамилија“ (најпродавана и најбрзо продадена поетска збирка во поновата историја на земјата) и „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“.
Strugaonline

Facebook Коментари