ХАВЕ ШПЕД  & Р-КОНТРОЛ: Од понеделник регистрација на странски возила со намалени трошоци од 50%

- Локални
764
Oд понеделник, 08.02.2021 ХАВЕ ШПЕД  & Р-КОНТРОЛ започнува со  регистрација на странски возила
Сите возила кои заклучно со 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.
Потребна Документација :
– Изјава за потврден влез на возило до 1 Октомври 2020 година,оверена на нотар.
– Изјава за регистрација на возилото по завршување на постапката за увоз,оверена на нотар.
– Потврда за сообразност или Согласност за Регистрација.
– Важечка Сообраќајна дозвола (може и одјавена во текот на 2020 година)
– Документ за осигурување или Зелен картон за возилото (може и истечен во период на важност во текот на 2020 година.
ХАВЕ ШПЕД Царински терминал Струга
 Р-КОНТРОЛ Станица за технички преглед, Мислешевео Струга

Facebook Коментари