Хит комедијата ,,Чекајќи го министерот“ во петок ќе се игра во Охрид

- Локални
718

Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија, во Охрид гостуваат во петок 08.04.2022 година, со почеток во 20.00 часот, во големата сала при Центар за култура ,,Григор Прличев“.

Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од поранешните ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус.
Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.
Strugaonline

Facebook Коментари