Лев банер Десен банер

Хорот при СМУ„Тодор Скаловски–Тетоец“ од Струга ја изведе химната на „Денот на Европа“во Штип

Денеска во Штип беше одбележан Денот на Европа. По тој повод премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Штип Благој Бочварски  на градскиот плоштад „Слобода“ го отворија ЕУ Паркот.

Честа да ја отвори  оваа свеченост ја имаше хорот од средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“  од Струга. Членовите хорот со изведување на македонската и европската химна го означија почетокот на манифестацијата.

За членовите на хорот од средното музичко училиште од Струга, отварањето на овој настан претставуваше чест и големо искуство, а професорскиот тим е горд на успешниот настап на своите ученици.

Strugaonline

error: