Хотел Боград слави три години постоење-три години синоним за квалитет и промоција на хумани вредности

- Локални
1173

Август месец хотел Боград слави три години постоење. Во срцето на Струга, Боград е вистински репрезент на градот на мостовите и синоним за квалитетно сместување, пријатен амбиент и вкусна храна.

Доказ за тоа се многубројните задоволни туристи но и локалните жители кои го одбираат Боград за вкусен оброк и дружба со семејството и пријателите. Хотел Боград всушност е многу повеќе од угостителски објект и својата посебност ја стекна благодарение и на хуманата дејност која се практикува како основна вредност на живеењето.

Исто така, својата голема општествена одговорност хотел Боград ја покажува преку поддршката на лицата со ретки болести, крводарителските акции што редовно ги организира, а се грижи и за своите вработени.

Имено, вработените во Боград веќе две години активно учествуваат на манифестацијата ,,Трка на поезијата“ и учествуваат во кајакарски тури по Глобочичкото езеро како поддршка на лицата со ретки болести.

И во годините што доаѓаат Боград успешно ќе продолжи во својата мисија, да промовира хумани вредности и да нуди квалитетна услуга за стружани и за туристите.

Strugaonline

 

Facebook Коментари