Хуманитарна акција за Турција и Сирија од утре во Струга, граѓаните строго да ги почитуваат објавените списоци на потребни артикли

- Локални
582

Црвен крст Струга организира хуманитарна акција со цел прибирање на потребна хуманитарна помош според стандарди и услови побарани од страна на Турска и Арапска-Сирија Црвена полумесечина и Турска амбасада, како приоритетна листа на потреби за помош.

Oд струшкиот Црвен крст апелираат граѓаните кои сакаат да донираат строго да се придржуваат кон гореобјавените списоци. Сите артикли од листата треба да бидат нови, а што се однесува до храната, треба да има шестмесечен рок.

Тимот на Црвен крст замолува во рамки на хуманитарната акција да не се носат употребувани артикли бидејќи истите нема да бидат прифатени.

Хуманитарната акција ќе се одржи утре, среда (15.02.2023) од 13 до 17 часот, како и во четврток и петок од 09 до 16 часот во салата на Советот на Општина Струга.

 

 

 

 

 

 

Facebook Коментари