Започнува дигитализација на фондот на Струшките вечери на поезијата

- Локални
270

Охридскиот архив започнува со дигитализација на фондот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата” со гранични години 1963-1990, со 50 архивски кутии.

Проектот е во целост во рамки на Државниот архив и подрачното одделение Охрид, вели директорот Никола Митровиќ.

– На дигитализација работат архивистите:Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи. Со овој проект преку дигитализација трајно би се заокружила и зачувала досегашната светска традиција на СВП, напиша Митровиќ на Фејсбук.

Дигитализацијата се спроведува врз основа на потпишаниот меморандум меѓу Државниот архив и Струшки вечери на поезијата.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари