Наместо со славење на ликот и делото на Браќата Миладиновци, без интонирање на македонската химна и со реторика што предизвика инцидент, денеска започна одбележувањето на патрониот празник на ООУ ,,Браќа Миладновци“ во Струга.
Како што информираат присутните на свеченоста кои сакаа да останат анонимни, повод за немилиот настан и тензичната атмосфера бил говорот на директорката на училиштето, Албана Жута, која во излагањето направила историски вовед за образовната институција чии корени ги лоцирала во 1941 година (година кога Струга е под фашистичка окупација).
Следувала реакција на македонските наставници и родители, по што се создала тензична атмосфера, сите наставници, родители и ученици Македонци ја напуштиле просторијата и свеченоста била прекината.
Одбележувањето на патрониот празник во основното училиште „Браќа Миладиновци“ било продолжено со интонирање на државната химна и со рецитал на песната „Тешкото“ од Блаже Конески од страна на учениците, откако се вратиле во школските простории.
Реакција за инцидентот на својата Facebook страница објавија од Иницијатива за граѓанско будење „Разбуди се“
-На патроналниот празник на О.У Браќа Миладиновци, незконски поставената директорка најпрво го забранила интонирањето на „Денес над Македонија се раѓа” со образложение дека ќе ги навредело чувствата на албанците во училиштето а потоа во излгањето нправила историски вовед за образовната институција чии корени ги лоцирала во 1941 кога балистичката окупаторска власт присилно го наметнала изучувњето на албанскиот јазик за неалбанското население во градот-стои во објавата од ,,Разбуди се“.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари