Инфо средба ,,Запознај го својот инспектор“ утре во Струга

- Локални
416

Центарот на заедницата на Општина Струга ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средба на инспекторот за животна средина (Општина Струга) со граѓанските организации и граѓаните, под мотото ,,Запознај го својот инспектор“. Средбата ќе се одржи утре,  5-ти јули, со почеток во 11:00 часот во салата за конференции во хотел ,,Фреја“.

Инфо средбите се организираат во рамки на проектот ,,Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“ што го спроведуваат партнерските организации HBO Инфоцентар од Скопје, Центарот на заедницата на Општина Струга и Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР од Крива Паланка.  Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Facebook Коментари