Итен координиран надзор по палењето трски во Струшко

- Локални
545
Веднаш по третото палење на трски годинава што се случи вчера, државниот инспекторат за животна средина и инспектори од Одделението за внатрешни работи од Струга извршија надзор на опожареното земјиште на потегот од плажите Версус, Аквариус и ресторанот Аполонија, во насока кон селото Калишта.
,,Опожарени се трски и вегетација во појас ограничен со пешачката патека и брегот на Охридското Езеро, со должина од околу 450 метри и ширина од околу 50 метри. Овој настан се случи и покрај предупредувањата до сопствениците на земјиште што граничи со пешачката патека – дека ќе бидат казнети доколку палат трска на државно земјиште.,, -информираат од Државниот инспекторат за животна средина.
Од таму додаваат дека  по надзорот инспекторите на Одделението за внатрешни работи ќе спроведат истрага до откривање на сторителот, против кого ќе се поднесе кривична пријава.

Facebook Коментари