Излезе од печат книгата „Медитерански есеи“ од писателот Разме Кумбароски

- Локални
843

Излезе од печат најновата книга -есеи, теорија и критика со наслов „Медитерански есеи“ на писателот Разме Кумбароски.

Кумбаровски е автор на над триесет книги поезија, романи, есеи, избори, критики, а дел од нив  се објавени и во Србија, Хрватска,Босна и  Херцеговина, Албанија, Турција, Украина, Бугарија, Романија и Кипар. Застапен е во повеќе антологии.

Книгата започнува со латинската поговорка:„Каде се пријателите, таму е богатството“, а во предговорот писателот Веле Смилевски ќе забележи дека „Медитеранските есеи“ се надоврзува на неговите претходни есеи и критики,„По патот“ и „Минатата година во Енхалон“.

Книгата е составена од три циклуси. Во првиот циклус се застапени двасеттина македонски автори како:Блаже Конески, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Миладиновци, Прличев и други. Во вториот дел се застапени автори од странство: Јосип Јуриј Штросмаер, Хелена Сабиќ – Томиќ и Горан Калоѓера (Хрватска), Петар Андосаров (Бугарија) и други.

Третиот циклус на книгата носи наслов„ Во бескрајност“.

Разме Кумбароски е современ македонски писател, поет, критичар, романсиер, есеист,преведувач, научен работники музичар.

Роден 1944 година во Струга, завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1880 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб. Заедно со Димитар Дурацоски е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност „Форма“. Долгогодишен  секретар на Националната установа Струшки вечери на поезијата и директор на истата Институција. Основач е и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“-Струга. Добитник на многубројни Меѓународни награди и Повелби.

Член е на ДПМ од 1987 година.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари