На 15-ти октомври (понеделник) во Центарот за култура Григор Прличев-Охрид (изложбен салон) со почеток во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“
Изложбата е дел од проект кој се однесува на примена на дигиталните содржини во наставата при изучувањето на историјата на Евреите на Балканот од 20-тиот век и холокаустот, кој во Македонија се рализира од 2012 година со подршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Изложбата за прва пат беше отворена во Скопје на 25 јануари 2018 година во Министерството за надворешни работи, по повод одбележувањето на
Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари