Изложба на „Фото сојуз на Македонија“ на 29-ти мај во Охрид

- Локални
603
НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид во соработка со„Фото сојуз на Македонија“  ве поканува на изложба.
Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, таа претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Р. Македонија. Оваа година, по пет години, повторно во Охрид. Отворањето на изложбата и доделувањата на наградите ќе биде на 29- ти мај сабота во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон. Изложбата ќе трае до 10 -ти јуни 2021 година.
„Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја.
Изложбата ќе биде во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита од вирусот КОВИД 19.
Strugaonline

Facebook Коментари