Со претставата ,,Сопружници“ Народен театар-Охрид ќе го прослави десеттиот роденден

- Локални
419
По повод роденденот и јубилејот- Десет години  Народен Театар Охрид, на репертоарот ќе биде изведена претставата “Сопружници” во  режија на Драгана Таневска. Претставата ќе биде одиграна во четврток, 3-ти јуни  со почеток во 20.00 часот, цена на карта 200 денари.
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката  Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (31.05.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Претставата ќе биде изведена во согласност со здравствените протоколи, со ограничен број на публика.
Strugaonline

Facebook Коментари