Во петок, 2-ри февруари, во кафе барот „Shilla“ во Охрид ќе се одржи изложба на фотографии во колажна техника насловена „Колатографија“.
Автори сe младата охриѓанка Есма Ќазим – модна дизајнерка во подем, позната во Република Македонија и регионот и египетскиот фотограф Махмуд Сами Рамадан. Значаjна улога околу подготовките и логистиката има либанскиот филмски режисер Салма Дајби.
„Не го пропуштајте овој несекојдневен настан и прилика да се запознаете и поразговарате со авторите.“ – велат од кафе бар „Shilla“
„Колатографија“ преставува спој на талентот на двајцата артисти и сликовито сведочи за убавината родена од судирот на визуелните уметности. Изложбата ќе биде отворена во 19:00 часот, а ќе биде поставена и во следните три дена.
Strugaonline
Facebook Коментари