Нимиц денеска доаѓа во Македонија, следат средби со државниот врв

- Македонија
708

Медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц, денеска ќе пристигне во Скопје каде ќе следат дводневни разговори со државниот врв, откако изминативе два дена престојуваше во Атина.

После средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, Нимиц истакна дека сега е вистинско време за решавање на долгогодишниот спор. Нимиц и Коѕијас разговарале за предлозите кои медијаторот ги достави пред две недели, по што ги слушнал и предлозите на грчката влада.

 

Facebook Коментари