Изложба на ликовни дела од странски автори по повод ослободувањето на Охрид

- Локални
408
НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид организира изложба на ликовни дела од  странски автори. Изложбата ќе биде поставена по повод 7-ми Ноември , Денот на ослободувањето на градот Охрид.
Селектор (куратор) на изложбата е познатиот охридски сликар Славко Упевче.
Изложбата ќе биде отворена на 06.11.2020 година (петок) во 18.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура, влезот е слободен.
Strugaonline

Facebook Коментари