Изложба на ликовниот уметник Антон Гошев денеска во Струга

- Локални
729

Денеска  во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 14:00 часот  ќе биде отворена изложба со дела на ликовниот уметник Антон Гошев од Бугарија.

Антон Гошев е  роден 1970 во Пловдив, Бугарија. Завршил педагошка висока школа „Неофит Рилски“, смер ликовна педагогија. Член на Друштвото на Ликовни уметници на Бугарија. Од 1995-2018 одржал 17 самостојни изложби во градовите: Благоевград, Перник, Ќустендил, Софија, Париз, Женева. Од 1990 – 2018 учестувал на повеќе групни изложби и конкурси
Во 2001 година ја добил наградата за скулптура на друштво на уметници на Благоевград. Работел и на истражувачки проект на интернационалниот институт за ликовни уметности во Париз, Франција 2003. Претседател е на друштвото на ликовни уметници од Благоевград.  Застапен е во колекции во САД, Македонија, Франција, Полска, Хрватска, Италија, Кипар, Норвешка, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Унгарија, Швајцарија и др. Живее и работи во Благоевград.

Facebook Коментари