Во среда (26-ти декември) во Галерија „Вангел Коџоман“ ќе биде отворена изложбата на уметницата Гордана Винчиќ.
Гордана Винчиќ е родена на 14 јули во Скопје, Македонија. Живее и работи како независен уметник во Малме, Шведска. Во 1998 година дипломирала на Социјална Работа и Политички Науки на Универзитетот во Лунд, Шведска. По дипломирањето има стекнато 15 години искуство во лидерство во неколку области на шведскиот јавен сектор. Во соработка со шведските власти реализирала над 300 визуелно иновативни уметнички работилници. Големо влијание врз работата на Гордана имала нејзината мајка која како уметник и историчар на уметноста уште од најрана возраст и’ ги всадила тајните на сликарството. Свој дел во сликарскиот универзум на Винчиќ има и нејзиниот татко, кој е прва генерација археолози во Македонија. Гордана имаодржано неколку самостојни изложби, групни изложби низ целиот свет вклучувајќи ја и светски познатата изложба “Transitions” во музејот на “Pushkinskaya 10” во Санкт Петербург, Русија во 2015 година. Уметничките дела на Гордана се наративни, проткаени со длабок мистицизам, носталгија и надреална симболика. Секое парче од нејзината уметност ги поттикнува сетилата, мислата и бара одговори. Преку нејзината работа таа ги обединува уметноста и личниот развој, а нејзин главен поттик е фасцинацијата од потсвесното знаење и мудрост кои постојат кај секој поединец. Таа сака да го испровоцира надбљудувачот да размислува и да ја истражува мистиката на животот, митологијата и симболизмот со цел да се постигне повисоко ниво на свесност, знаење и среќа. Гордана ја има добиено наградата за “Стрип деби ѕвезда на годината” во 2016 во Македонија. Гордана организира Меѓународен „АРТ СИМПОЗИУМ СКОПЈЕ“ 2018.
Strugaonline
Facebook Коментари