Песната „ЕЗЕРО“ на струшкиот поет Петко Шипинкаровски објавена во Црна Гора

- Локални
1143

Деновиве,  во најновиот број на списанието за култура и уметност НЕКАЗАНО, што излегува во Бар, – Црна Гора, објавена двојазично (на македонски и српски јазик) е песната „Езеро“ на македонскиот поет Петко Шипинкаровски кој живее и работи во Струга.

Песната „Езеро“ на Шипинкаровски, до сега, објавена е на албански, бугарски, босански, српски, руски, романски, полски и хрватски јазик.

Петко Шипинаровски е писател, поет, драмски автор, публицист, есеист и литературен критичар.  Член е на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Друштвото на писателите на Србија и на Книжевносто друштво на Косово и Метохија, надворешен член на Сојузот на независните писатели на Бугарија и член на Македонското научно друштво од Битола.

Организатор е на манифестацијата Струшки книжевни средби и главен и одговорен уредник на Ревијата за книжевност Бранувања што излегува во Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари