Извонреден успех на младите кларинетисти од Основното музичко училиште Струга на Државниот натпревар во Скопје
Учениците од Основното музичко училиште Струга од класата по кларинет на проф. Мухамет Реџепоски постигнаа извонреден успех на Државниот натпревар кој се одржа на 8 април 2026 година во Скопје.
Младите струшки музичари се закитија со високи признанија, потврдувајќи го својот талент и посветеност: Георгиј Белкоќески и Алмир Рамадани – прво место, Урим Камбероски – второ место, Горјан Лошкоски – трето место.
Овој значаен успех претставува резултат на напорната работа, континуираната посветеност и несомнениот талент на учениците, како и стручната поддршка од нивниот ментор.
Со ваквите достигнувања, младите кларинетисти уште еднаш покажуваат дека музичкото образование во Струга создава квалитетни и перспективни уметници, подготвени достојно да ја претставуваат својата средина на државно ниво.
StrugaOnline

