Лев банер Десен банер

Струга и Менхенгладбах ја продлабочуваат соработката – нови можности за култура, туризам и меѓународна промоција

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, оствари средба со градоначалникот на Менхенгладбах, Феликс Хајнрихс, во рамки на постојната соработка меѓу двете општини. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Германија, Улбер Села.

Во текот на разговорите, соговорниците се фокусираа на продлабочување на партнерството преку заеднички проекти, размена на искуства и унапредување на соработката во повеќе области од заеднички интерес. Посебен акцент беше ставен на поддршката на културно-уметничките друштва од Струга, со цел нивно претставување и настапи во Германија, како и на зајакнување на врските со струшката дијаспора во Менхенгладбах.

Дополнително, беше разгледана и можноста за развој на туризмот во Струга преку креирање атрактивни понуди во текот на целата година, наменети за различни категории туристи, со што градот би се позиционирал како препознатлива туристичка дестинација.

Градоначалникот Ќура истакна дека Општина Струга останува посветена на создавање услови за поддршка на културните друштва и промоција на локалните вредности надвор од државата, како и на унапредување на меѓународната соработка во интерес на граѓаните.

Преку партнерство и заеднички иницијативи, Струга отвора нови перспективи за развој и ја зајакнува својата меѓународна позиција.

StrugaOnline

error: