Ј.П. Водовод и Канализација Струга: Практикувајте електронско банкарство за плаќање фактури

- Локални
2887

Ј.П. Водовод и Канализација Струга ги почитува препораките на владата за да се седи дома и да не се излегува без некоја основна потреба.-информираат од претпријатието.

„Денес сите банки имаат апликации за електронско плаќање со кои може да се изврши плаќање на секоја фактура, вклучително и фактурите на Водовод и Канализација, доволно е во таа апликација да ги внесете податоците на фактурата, вредноста и банкарската сметка на примачот и други податоци што се бараат од апликацијата и плаќањето е извршено.
Апелираме до сите корисници на нашите услуги, со цел максималното почитување на препораките на владата, но и овозможување на понатамошно нормално финансиско и материјално функционирање на Ј.П. Водовод и Канализација Струга, сите што се во можност да го користат системот за електронско банкарство за да не мораат да доаѓаат на нашите шалтери за наплата на фактурите.“ – стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Банкарските сметки на Ј.П. Водовод и Канализација се следниве
Комерцијална Банка –​​​ 300160000033202
Уни Банка -​​​​​240230111774427
Халк Банка – ​​​​​270074040340156
Еуро Стандард Банка -​​​​370001100290525
Sparkasse Bank- 250024000301159
Стопанска Банка -​​​​200003532218229
Охридска Банка -​​​​530020202220246

Strugaonline

Facebook Коментари