„Јахја Кемал“ – Струга организираше свечена церемонија, на која беа наградени најистакнатите ученици од основното и средното училиште за 2024 година.
Учениците блеснаа со своите извонредни резултати на регионалните, државните и меѓународните натпревари. На регионално ниво, беа освоени 6 први, 7 втори и 8 трети награди, додека на државно ниво, учениците постигнаа 4 први, 8 втори и 3 трети награди.
Покрај академските успеси, учениците од „Јахја Кемал“ – Струга се истакнаа и на спортските натпревари, остварувајќи импресивни резултати, вклучувајќи 2 први, 3 втори и 2 трети места на државни натпревари, 1 прво место на Балканско првенство и 1 второ место на Европско првенство.
За најуспешни ученици за 2024 година беа прогласени Атина Рувинова и Леонид Тодороски, кои со своите глобални успеси ја оправдаа титулата најдобри ученици.
• Атина Рувинова, покрај наградите од регионални и државни натпревари, постигна врвни резултати на меѓународни натпревари, вклучувајќи:
• Сребрен медал на Македонската олимпијада по информатика.
• Бронзен медал на Женската светска олимпијада.
• Леонид Тодороски, поркај врвните успеси на регионални и државни натпревари, се истакна со многу значајни награди, како:
• Бронзен медал на Македонската математичка олимпијада, сребрен медал на Балканската математичка олимпијада и бронзен медал на Интернационалната математичка олимпијада.
Целта на оваа свеченост беше да се оддаде признание на упорноста, трудот и извонредните постигања на најдобрите ученици, кои со својот успех ги надминуваат границите на Македонија.
ПСУ „Јахја Кемал“ и понатаму останува лидер во образованието во Македонија, поставувајќи нови стандарди за учениците и мотивирајќи ги да ги остварат своите најголеми амбиции.
StrugaOnline
Facebook Коментари