Јапонска компанија ќе изработи студија за третман на отпадните води во Струга

- Локални
363
Градоначалникот на Општина Струга, д-р Рамис Мерко, оствари средба со претставниците на јапонската компанија која се занимава со системи за третман на отпадни води и во оваа област има искуство повеќе од педесет години.
,,Градоначалникот детално го опиша функционирањето на овој систем, особено за Охридското Езеро, во струшкиот дел, но и за Црн Дрим и реката Сатеска. Претставниците на оваа компанија се запознаа со актуелната состојба и ветија дека ќе направат студија за поблиску да видат кои проблеми со третманот на отпадните води можат побрзо да се решат, со цел заштита на животната средина и поздрави услови за живот.,, – стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари