Joван Рафтоски: Очекувам успешна и бериќетна година

- Локални
806

32-годишниот Јован Рафтоски беше најсреќен меѓу капачите кои скокнаа по Светиот крст во водите на реката Црн Дрим.

Рафтоски е голем почитувач на овој празник, а крстот го фати прв пат.

-,,Среќен сум што успеав да го фатам крстот, скокам редовно последниве пет години. Очекувам успешна и бериќетна година, истото им го посакувам на сите , многу радост, среќа и здравје во нивните семејства. Сметам дека ова е посебен благослов. “-изјави Рафтоски за Strugaonline

Чествувањето и обичаите за Водици во Струга продолжуваат, а Јован со Светиот крст ќе ги посети домовите на стружани.

Strugaonline

Facebook Коментари