Лев банер Десен банер

ЈП Комунално формираше Координативно тело за зимско одржување на улиците во Струга

JП „Комунално“ информира дека екипите на претпријатието се задолжени за  зимското одржување на градот Струга, чистењето на снегот од улиците од прва, втора и трета категорија како и посипувањето со сол и песок.


„Со цел успешно да се извршуваат престојните активности, ЈП Комунално – Струга формираше координативно тело. Истото ќе се активира непосредно од две одговорни лица вработени во ЈП Комунално – Струга кои се одредени од страна на раководството на ЈП. Одговорното лице за прв и втор реон на градот е Вилије Јовчески со мобилен телефонски број: 078 329 162,  одговорното лице за трет и четврт реон на градот Струга е Илбер Арифи со мобилен телефонски број: 075 206 992“ – стои во соопштението.
Од ЈП „Комунално“ додаваат дека за институциите но и граѓаните на Струга наведените одговорни лица – вработени во ЈП Комунално – Струга ќе  бидат достапни во секое време за се’ што ќе биде во врска со успешно извршување на зимското одржување на улиците во градот Струга.

Strugaonline

фото: архива

error: