ЈП Комунално со апел до граѓаните на Струга да не го уништуваат зеленилото во градот

- Локални
373
Oткако во екот на туристичката сезона во Струга осамнаа истурени контејнери и уништени садници, ЈП Комунално-Струга излезе со апел до граѓаните да ја зголемат својата свест и сите заедно да се грижиме градот да ни биде убав и чист.
,,Ве замолуваме да внимавате да не ги оштетите урбаните средини, дрвјата, цвеќињата и зеленилото кои во градот се поставени од страна на „ЈП Комунално-Струга.  Ваквите постапки само му штетат на градот и го уништуваат ликот на нашата убава Струа.
Ајде сите да се грижиме за градот, истиот да биде почист и поубав.“-стои во апелот објавен од страна на претпријатието.
Strugaonline

Facebook Коментари