ЈП Комунално-Струга со интензивни акции за чистење во повеќе делови од Струга

- Локални
527
Eкипите на ЈП Комунално-Струга од работната единица јавна чистота, денеска спроведоа акција за генерално чистење на потегот од ракометното игралиште „Женска плажа“ до одморалиштето 25 Мај, околу ОУ Јосип Броз Тито и долж улиците Велко Влаховиќ, Партизанска и Димче Ковачески.
,,Во рамките на акцијата се вршеше рачно метење, косење, чистење на ивични траки , чистење на отпадните лисја како и утовар и транспорт на расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови во различни делови на градот.,,- информираат од претпријатието.
 ЈП Комунално-Струга ги известува сите корисници на услугите дека за сите проблеми и поплаки поврзани со нивните активности на терен, можете да  пријавите на тел.046 786 640, на е маил [email protected] како и на  Facebook страната.
Strugaonline

Facebook Коментари