Нема промена на цената на нафтените деривати

- Македонија
508

Цените на нафтените деривати остануваат исти и во следните седум дена.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како и минатата недела. Единствено се намалува цената на мазутот М-1 НС за 0,633 денари за килограм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 денар/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 68 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 42,377 денари/килограм.

Facebook Коментари