ЈП Комунално-Струга започна со поставување нови пластични контејнери за мешовит отпад

- Локални
545
Со цел подобрување на состојбата со управување со отпадот, ЈП Комунално-Струга започна акција за промена на постојните стари и дотраени метални контејнери поставени на градските улици, со нови пластични контејнери за мешовит отпад со зафатнина 1,1 кубен метар.
,,Со ова значително се подобрува комуналната инфраструктура и услугата собирање и депонирање на смет. Новите контејнери се поставени на локации каде предходно беше констатирано дека се одлага поголема количина на смет.“-стои во соопштението од претпријатието.
Од ЈП Комунално апелираат до граѓаните да ги чуваат новите контејнери, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад (шут и кабаст отпад).
Strugaonline

Facebook Коментари