ЈП Водовод и канализација-Струга извести дека благодарение на неодамнешните дождови, изворите веќе започнаа да се полнат со вода и состојбата ќе се подобри многу брзо.

,,Ова овозможи да се реши проблемот со недостиг на вода во општина Струга. Исто така, бараме од сите граѓани да престанат со злоупотребата на вода заради состојбата, со цел да се реши проблемот и да се отстранат ограничувањата во текот на ноќта. Ограничувањата наметнати од нашето претпријатие овозможија да се намали проблемот со недостиг на вода, затоа ги замолуваме граѓаните да пријават каква било можна злоупотреба на вода за пиење.“-стои во соопштението од ЈП Водовод и Канализација.
Во наредните денови очекуваат состојбата да биде стабилна и ваквите проблеми да не се повторуваат.
Strugaonline
Facebook Коментари