90-годишна британка е првата личност која прими вакцина против ковид 19

- Свет
709

Денеска во Велика Британија започна вакцинацијата против Ковид 19, ова  е првата земја во светот која ја одобри вакцината на Pfizer/BioNTec.

90-годишната Маргарет Кенан, која следната недела ќе полни 91 година е првата личност која ја прими оваа вакцина надвор од клинички испитувања, а за ова вели дека ѝ е најдобриот предроденденски подарок.

„Се чувствувам привилегирано што јас сум првата личност која е вакцинирана против ковид-19, ова е најдобриот предроденденски подарок кој можев да го посакам, бидејќи тоа значи дека конечно ќе можам да поминувам време со семејството и пријателите во новата година, откако речиси цела оваа година ја поминав сам.“ – изјавила Маргарет.

Во Велика Британија приоритет за вакцинирање имаат граѓаните над 80 години, како и медицинскиот персонал и персоналот задолжен за нега на стари лица.

 

Facebook Коментари