ЈП Водовод и канализација: Ќе се санираат дефекти на стара и дотраена водоводна мрежа, старите вентили ќе бидат заменети со нови

- Локални
576
ЈП  Водовод и канализација-Струга информира  дека на иницијатива преземена од директорот на претпријатието , Доц-Др. Дашмир Насуфи, ќе бидат преземени мерки за санирање на какви било дефекти на застарената водоводна и канализациона мрежа во град Струга.
-Исто така, вентилите кои не се функционални со години, ќе бидат заменети со нови , на тој начин при евентуални проблеми со недостаток на вода , вода ќе нема само во делот од градот каде што има проблем, а не во целито град .  Оваа иницијатива е преземена со цел да се намалат проблемите со вода за пиење и нормалното функционирање на водоводната и канализационата мрежа.-соопштуваат од претпријатието.
 Од таму додаваат дека Зза каков било проблем или информација, граѓаните можат да ја контактираат службата преку порака на социјалната мрежа Facebook или во просториите на ЈП ,,Водовод и канализација“.
Strugaonline

Facebook Коментари