(ВИДЕО) Мијата го промовира спотот за песната ,,Маска“

- Музика
388
Денеска официјално излезе видео записот за песната ,,Маска“ која ја изведува Мијата.
Оваа песна стана дел од радискиот етер уште пред еден месец а сега доби и видео
приказна Покрај автор на музиката и текстот на песната Маска, Мијата се јавува и како режисер на ова уникатно видео издание.
Додека аудиото соработката беше со Дамир Пух и Наташа Миха, за видеото да биде како што е голема заслуга имаат танчерките  од денс студиото Dancers United, и нивната кореографка Сара Кочан. Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production.

Мијата неизмерно смело настапува во своите творби како музички /текстуално така и визуелно.
На својата фејсбук страница Мијата напиша:
„Драги мои, повелете уште едно видео издание – овој пат официјалниот спот за песната ~МАСКА~.
Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства.
Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето… Сега задоволството е заедничко.
,,Маска“ е дел од нејзиниот втор албум кој е во најава за оваа година.
Strugaonline

Facebook Коментари