,,JП Водовод и Kанализација-Струга“ со известување до корисниците за заштита на водомери

- Локални
563
,,ЈП Водовод и канализација“  ги информира своите корисници дека во наредниот период, поради ниските температури, постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од замрзнување.
-Заштитата на водомерите треба да се направи со цел да се избегнат дополнителни трошоци за нивно санирање.
Директорот на компанијата г-дин Дашмир Насуфи ги повикува граѓаните, со оглед на тоа што Струга е град каде што голем дел од граѓаните се во странство, сите оние кои имаат можност да ги заштитат водомерите во празните куќи на нивните роднини.-стои во соопштението од претпријатието.
Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покрив, и покривање на шахтата, со цел да се избегне нивно замрзнување.
-За каков било проблем или информација, контактирајте не со пораки во инбокс, или во канцелариите на јавното претпријатие.-додаваат од ЈП Водовод и канализација.
Strugaonline

Facebook Коментари