ЈП Водовод и канализација: Вчерашниот дефект во водоводната мрежа беше поради фрлани отпадоци

- Локални
496
-Вчера во дел од градот од разни материјали фрлени од неодговорни лица дошло до дефект на водоводната мрежа поради што некои населби во Струга останале без вода.-информираат од ЈП Водовод и канализација-Струга.
Работните екипи на претпријатието вчера излегоа на терен и по неколкучасовна работа успешно го санираа дефектот.
Тимот на ЈП Водовод и канализација апелира  граѓаните да бидат внимателни со ваквите акции и заедно да се погрижаме за одржување на водоводната и канализационата мрежа.
Strugaonline

Facebook Коментари