Се одржа јавна расправа за предлог-буџетот на Општина Струга за 2022 година

- Локални, Останати
453
Денеска во салата на Советот на општина Струга се одржа Јавна расправа за Предлог – Буџетот за 2022 година, со цел да се зголеми транспарентноста и директното вклучување на граѓаните во процесот на одлучување во локалната самоуправа.
-На поканата одговорија граѓани на Струга, од различни сектори, како месни заедници, учесници од граѓанскиот сектор, млади од невладини организации, средни училишта и други.
Учесниците имаа можност да ги претстават проблемите со кои секојдневно се соочуваат како и предлог за нови активности и проекти во градот за подобрување на условите за живот. Сите дадени идеи и предлози ќе бидат разгледани, секогаш за подобра Струга и потранспарентна општина. -соопштија од Општина Струга.
 Од Финансискиот сектор појаснуваат дека буџетот е изготвен врз основа на податоците собрани од сите сектори и општински дирекции, јавни претпријатија, основни и средни училишта, како и градинки.
Strugaonline

Facebook Коментари