ЈЗУ Кардиолошки завод „Свети Стефан“ продолжува со меѓународните активности

- Локални
1689
Кардиолошкиот завод од Охрид продолжува со активностите на полето на размена на знаења и искуства на меѓународен план преку посета на едукативни семинари, но и преку пренесување на искуствата и истражувањата реализирани во оваа болница.
-Најпознатиот охридски кардиолог Др Никола Бакрачески продолжува со успешни научни презентации  на интернационалните настани од областа на интервентната кардиологија.
Првиот настан каде ќе ги презентира своите научни трудови е 12-от Конгрес на Хрватскито здружение по Кардиологија со меѓународно учество што се одржува под покровителство на Европското здружение по Кардиологија.
На овој настан учествуваат и познатите охридски кардиолози Др Марија Зимбова и Др Слаѓана Тупаре од Заводот за Кардиоваскуларни Заболувања Охрид, Др Виктор Топаловски од ПЗУ Медикор и Др Ѓоко Константиноски од општата болница Охрид.  Оваа година истиот се одржува од 29-ти ноември до 2-ри декември во Загреб, каде Бакрачески ќе има две презентации.
Вториот настан е  високо реномираниот симпозиум од областа на интервентната кардиологија  “Inivation in Cardiovascular Intervention – 2018”  што секоја година се одржува во Тел Авив Израел од 02-04 Декември, со учество на најголемите светски имиња од областа на интервентната кардиологија, каде ќе ја презентира својата лекција “ Bilateral radial approach for CTO recanalisation”.-информираат од Кардиолошкиот завод.
Strugaonline

 

Facebook Коментари