Денеска, синхронизирано во сите 80 општини и градот Скопје, учесниците во изборите го потпишуваа Кодексот за фер и демократски избори. Така, и кандидатите за градоначалник на општина Струга, потпишувајќи го Кодексот за фер и демократски избори се обврзаа и си ветија еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.
„Со потпишувањето на Кодексот заедно ќе придонесеме за спроведување на фер и демократски избори, според највисоки меѓународни стандарди.Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.“ – истакна Претседателот на ОИК во Струга Бледар Зиба, повикувајќи ги сите кандидати да го потпишат кодексот.
Во просториите на ОИК во Струга, после потпишувањето на кодексот, кандидатите за градоначалник се ракуваа во пријателска атмосфера, еден на друг посакувајќи си среќа на претстојните локални избори.
Strugaonline
Facebook Коментари