Кеј ,,Борис Кидрич“ и улица ,,Партизанска“ ќе бидат затворени за сообраќај поради настани поврзани со Фестивалот ,,Струшки вечери на поезијата“

- Локални
1603

Националната установа ,,Струшки вечери на поезијата“ информира дека поради подготовки на сценографијата и протоколот за овогодинешните „Струшки вечери на поезијата“ на 22-ри август во 15:00 часот планирано е да се затвори улицата за патнички возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

-На 24.8. 2024 година во 12:00 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба наактивности поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 25.8.2024 година со почеток во 20:30 часот.-стои во информацијата од СВП

Оттаму додаваат дека  за овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.
Strugaonline
фото: архива

 

Facebook Коментари