Ќе се подобруваат условите и енергетската ефикасност во училиштата во Струга и струшко

- Локални
365
Денеска, во службена посета на Општина Струга беше претставник од Министерство за финансии по јавниот повик за Барањето за користење на средства од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
-На средбата со градоначалникот Мерко се разговараше за одобрените инвестиции и идните чекори, со крајна цел подобрување на условите и енергетска ефикасност на училиштата во нашата општина.-соопштуваат од Општина Струга.
Додаваат дека  апликацијата е одобрена за  основните училишта,,Зини Хани“ во с.Велешта, ,,Св.Климент Охридски“ во с.Драслајца и ,,Ашим Агуши“ во с. Радолишта во кои беше направен увид за моменталната состојба на објектите и потребите за реконструкција.
Општина Струга, во соработка со Министерството за финансии и Министрството за образование и наука продолжуваат со реконструкција и на останатите општински училишта во нареднта година, за подобри услови за учениците, вработените и подобра економска и енергетска ефикасност на училишните објекти.
Strugaonline

Facebook Коментари