Кларинетистот Георгиј Белкоќески од Струга освои четири први награди на четири натпреварувања

- Локални
529

Кларинетистот Георгиј Белкоќески од Струга од класата на професор Мухамет Реџепоски при Основното музичко училиште во Струга, освои четири први награди на четири натпревари. Белкоќески беше прв на општинскиот, државниот и регионалниот натпревар што се одржаа во Битола и Меѓународниот натпревар што се одржа во Кавадарци.

,, Георгиј Белкоќески има 11 години, две години е во основно музичко училиште, а во мојата класа на кларинет свири од септември. Станува збор за талентиран ученик кој ме направи горд победувајќи на овие четири натпревари.,,-изјави за Strugaonline неговиот професор Мухамет Реџепоски.

Освен по својата музичка и педагошка професионалност, професорот Реџепоски е познат по својата хуманитарна дејност, бидејќи изминатиов период, во соработка со професорот Блерант Лена организираа три хуманитарни концерти што се одржаа во Струга.

Цела класа кларинети имаа активна година, имено, тие учествуваа на на петтото издание на ,,КлариФест“ во Скопје што се одржа на 7-ми април годинава.

 

На ,,КлариФест“ освен Георгиј Белкоќески учествуваа и учениците Дион Шабани, Ерзан Абазоски и Филип Браноски.

Мухамет Реџепоски е роден на 17.06.1991 год во Струга. Своето основно музичко образование го започнува во нижото музичко училиште ,,Методи Патче“ во Охрид во класата кларинет на проф. Трајче Темјаноски. Реџепоски средното музичко училиште го завршил во класата на проф.Ацо Тасески во Струга, а во 2010 година започнува со студиите на унивезитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во класата на Мистр.Проф Стојан Димов. Во текот на студиите учествуравл на многубројни натпревари, солистички концерти,семинари и хуманитарни концерти.  

Оркестарското искуство го стекнал во Синфонискиот оркестар на Ф.М.У. во Скопје под диригентската палката на Саша Николовски Ѓумар, Борјан Цанев, Сашо Татарчески, Ивица Зорич и други.  Во текот на студиите добитник е на повеќе награди – Прва награда на Државниот натпревар во Скопје за кларинет, прва и трета награда со Камерниот состав во класата на Проф.Димитри Кумбаровски и на Меѓународниот натпревар ,,Охридски Бисери”.

Strugaonline

Facebook Коментари