Кнауф Академија во Струга

- Локални
907

Во Струга вчера традиционално по 25-ти пат се одржа Кнауф Академијата чија главна цел, иста како и на останатите настани, семинари и обуки организирани од тимот на Кнауф во Македонија во изминативе години е да се унапреди квалитетот на градењето, а следствено на тоа и да се подобратусловите вокои живеат и работат граѓаните на Македонија. На овогодинешната Кнауф  Академија присуствуваа професионалци од оваа сфера од Македонија, ноја посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот: Србија,Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција.

На овој настан учесниците имаа можност низ предавања и интерактивни работилници да се информираат за најактуелните трендови, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф.Се разговараше за имплементирање на нови технологии и трендови базираниврз германски и светски стандарди. Беа демонстрирани новитети од системите за сува градба, малтери, фасади, подови и други решенија од големата палета производи и системи од овој светски бренд во градежништвото.

– Ми претставува особена чест и задоволство што повторно и во поголем број присуствувате на оваа академија која што е еден вид платформа за комуникација со вас, изведувачи, архитекти, инвеститори, соработници и клиенти. Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое што ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години поестоење, а јубилејни 25 во Македонија. Стотици инженери постојано работат на нови производи, нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам. – изјави Тодор Деловски, Регионалниот директор на Кнауф за Исток – Југозапад.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор и фото: Нова Македонија

Facebook Коментари