Прекршен изборниот молк во две струшки села

- Локални
776

Од СВР Охрид информираат за регистрирани поситни изборни неправлности во струшко, за време на изборниот молк.

На 20-ти април оваа година, околу 09:00 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека на оградата од Основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори.

Утрово, околу 09:00 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Се преземаат мерки за комплетно расчистување на двата случаи.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари