Kнигата „Како го искачив К2“ од Здравко Дејановиќ вечерва ќе се промовира во Охрид

- Локални
1398

Алпинистот Здравко Дејановиќ вечерва во Охрид ќе ја промовира книгата  „Како го искачив К2“

Оваа книга всушност претставува личен дневник на Дејановиќ и дава детален опис за неговото доживување за време на искачувањето на технички најтешкиот врв познат како К2.

Промоцијата ќе се одржи денеска со почеток во 20 часот во Terazza Aquarius.

Со оглед на тоа дека Здравко Дејновиќ е единствениот Балканец кој ги има искачено трите најпознати врвови во светот вклучувајќи го највисокиот Монт Евереcт, потоа врвот Анапурна 1, кој се смета за најопасен и К2, навистина читањето на неговиот роман претставува вистинска авантура.

Фото: Здравко Дејановиќ fb

 

 

Facebook Коментари