Ракометарите на Вардар денеска во 13 часот ќе пристигнат на плоштад „Македонија“

- Македонија
846

Ракометарите на Вардар кои ја израдуваа цела Македонија откако станаа европски шампиони денеска во 13 часот треба да пристигнат на плоштадот „Македонија“ каде е организиран свечен пречек.

Ракометарите се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики” денеска во 11,15 часот. Според планираната рута, потоа ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал”, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка”.

Европските шампиони ќе продолжат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија”.

Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар” да пристигнат на плоштадот„Македонија”, преку Порта „Македонија”. Пречекот по повод европската титула е организиран од страна на Град Скопје.

 

Facebook Коментари